Белгиски уметници ја обиколија Европа со џиновска кукла во форма на бегалец

Двајца визуелни уметници од Белгија во мај ја почнаа својата тура низ Европа со џиновска кукла на надувување, во форма на мигрант, дизајнирана со цел да ги натера „нетолерантните“ Европјани да размислат дали масовната миграција е „огромна закана“ или „огромна можност“.

„Мигрантот на надувување“ веќе застана да се слика во Шведска, Италија и Данска. Неговите креатори, познати како „Схелекенс и Пелеман“ ја пропатуваа Европа, настрана од нивната џиновска скулптура, за да достават писма од „бегалци“ на вратите на случајно избрани европски државјани.

Овие уметници се надеваат дека ќе ги едуцираат „нетолерантните“ Европјани. Додека патуваат, тие и фотографираат луѓе од муслиманско потекло и објавуваат фотографии на социјалните медиуми.

„Неговата големина му дозволува да гледа подалеку од нас и да внимава на хоризонтот, без да биде попречен со граници и документи, го прави неизбежен. Дали го гледаме како човек, или како проблем? Дали неговото присуство е можност, или закана?“, велат овие уметници.