Белгија објави план за постепено ублажување на ограничувањата од коронавирусот

Белгискиската премиерка Софи Вилмес соопшти детален план за постепено ублажување на ограничувањата во Белгија, кои беа донесени за справување со пандемијата на Ковид-19, јавува Би-Би-Си.

Со новите правила, сите продавници од 11 мај ќе можат да ги отворат вратите за купувачите, додека училиштата би се отвориле недела потоа – иако со рестрикции по бројот на ученици во секое одделение.

Но, Вилмес предупреди дека „ништо не е врежано во камен“.

Повеќе од 45.000 граѓани беа позитивни на вирисот во Белгија.

Регистрирани се и повеќе од 6.900 смртни случаи во земјата со 11.4 милиони жители – највисока стапка по глава по жител во Европа. Повеќе од половината се починати во домовите за нега, а бројот на смртни случаи опаѓа во болниците.

Дополнителни 241 смртни случаи беше регистрирани изминатава сабота, од кои 164 во домовите и 72 во болниците. Бројот на луѓе третирани на интензивна нега падна на 934. Споредбата со останатите европски земји може да биде и погрешна, бидејќи некои од смртните случаи не кореспондираат со официјалните извештаи во државите.

По долги дискусии во петокот, министерката Вилмес објави распоред за постепен прекин на карантинот, кој во Белгија започна од 14 март.

Први ќе отворат продавниците за ткаенини на 4 мај, со цел да им помогне на сите граѓаните над 12 години да ја исполнат обврската и да носат маски во јавниот транспорт. Исто така, индустријата ќе може да продолжи со активностите.

Останатите продавници ќе продолжат со работа една недела подоцна, но под строги услови.

Училиштата ќе стартуваат од 18 мај, со максимум по 10 деца по одделение и обезбеден простор од најмалку 4 квадратни метри.

Кафулињата и рестораните нема да можат да функционираат пред 8 јуни.

Сепак, распоредот е подложен на промени доколку пандемијата се влошува. Властите ќе мора да осигуруваат дека секој има обезбедено маска.

Инаку, повеќе држави од Европа веќе соопштија мерки за да го ублажат карантинот. Чешката влада стави крај на ограничувањата за слободно движење. Во Германија некои продавници се отворени, а училиштата ќе стартуваат од 4 мај, иако баровите, кафулињата, рестораните и кината остануваат затворени.

Меѓувремено, полскскиот Министер за здравство Лукаш Шумовски повика на двегодишно одложување на претседателските избори, кои беа закажани за две недели, нагласувајќи дека тоа е најбезбедна варијанта со оглед на пандемијата. Досега, владејачката партија во Полска се спротиставува на притисокот од јавноста и опозицијата за одложување на изборите.