Белата лавица Бела е најновиот жител на Скопје ЗОО

Лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови, од вчера е нова жителка на Скопската зоолошка градина.

Таа пристигна од од Ходенхаген, Германија, а од управата на Зоолошката информираат дека за неколку дена неа ќе и се придружи и белиот лав Чака од Амневил, Франција со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.

„За првпат во Скопје, но и нашата држава ќе има бели лавови. Планираме да донесеме и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки. Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје ЗОО“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.