„Белата книга“ и порталот Актив – нови алатки за медиумите и граѓанскиот сектор

Со цел да се подобри соработката меѓу граѓанскит сектор и медиумите, посебно во делот на човековите права, беа промовирани „Белата книга“ и порталот Актив, како нови алатки за двете страни.

.„Белата книга“ и порталот Актив - нови алатки за медиумите и граѓанските организации,,Белата книга“  дава препораките до граѓанските организации и до медиумите за приоритетите и механизмите на соработка, како и увид на состојбите и во проблемите што постојат.

„Белата книга не само што сака да ги посочи проблемите коишто постојат во соработката помеѓу граѓанскиот сектор и медиумите, туку целта на книгата е и да ги посочи и приоритетите во областа на човековите права, приоритети кои би требале да претставуваат ресурс за медиумите и за новинарите, со цел да се унапреди и да се интензивира таа соработка. Белата книга исто така ги посочува и механизмите за полесна комуникација помеѓу двата сектора.“ – вели Весна Миладиновска претставник на Македонскиот институт за медиуми.

Во исто време беше промовирана и веб страницата www.aktiv.mk којa треба да претставува место коe што ќе ги спои граѓанскиот сектор и медиумите со цел да се одржи полесна и поефикасна комуникација. Преку оваа страна граѓанските организации ќе можат да ги споделат своите информации  за своите активности, проекти и настани, а ќе нуди можност за асистенција за граѓанските организации во смисла на пишување или пласирање на соопштенијата наменети за јавноста, но и пристап до листа на новинари од областа на човековите права.

„Преку страницата може да се посочи прекршување на човекови права а тука е и апликација за андроид која е достапна за сите граѓани, кое може да се направи и анонимно доколку е потребно.“ – вели Јане Стефанов од МИМ

Насиме Самоска претставник на Рома СОС Прилеп, за време на промоцијата во ЕУ Инфоцентарот,  нагласи дека граѓанските организации се двигателот на едно општество, но медиумите се најсилниот фактор кој што влијае во ова движење на граѓанскиот сектор, па оттука соработката е повеќе од потребна за да може да се опстане.

Во продолжение, може да го видите видеото на МИМ за зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите.

Наталија Јосифоска