„Бејби бум“ меѓу слоновите во Националниот парк „Амбосели“ во Кенија

Комбинацијата од поројни дождови и намалениот туризам поради пандемијата од ковид-19, доведе до раѓање на 140 мали слончиња во Националниот парк „Амбосели“ во Кенија. Но сè уште постои грижа дека локалното население ќе има потешкотии поради падот на туризмот.

Докторката Вини Киру, која истовремено е и познат кениски биолог и експерт за слонови, работи во Иницијативата за заштита на слоновите.

„Слоновите се насекаде, тие се среќни и уживаат во слободниот простор“, истакнала таа.

Од страртот на пандемијата, па сè до денес во Националниот парк се родени 140 слончиња. Киру информирала дека растот во наталитетот е резултат на намалениот број на дистракции.

Во „Амбосели“ се родени два пара близнаци.

Извор: BBC