Бегалски тим ќе настапи на Летните олимписки игри во Рио

Интернационалниот олимписки комитет официјално одобри тим составен исклучиво од бегалци, кој ќе настапи на Олимписките игри во Рио годинава.

Извршниот одбор на ИОК најави дека го одобрил настапот на Тим от на бегалски олимписки спортисти (ROA) вчера. Тимот ќе биде третиран како било кој друг национален тим кој ќе настапува на Олимпијадата, ќе има сопствени дресови обезбедени од Комитетот и ќе биде сместен во олипиското село.

Тимот ќе се натпреварува под олимпиското знаме со пет прстени, а олимписката химна ќе се свири за сите членови на тимот во церемониите на доделување медали.

Според Комитетот, за тимот ќе се натпреваруваат 43 кандидати во повеќе спортски дисциплини.

„Преку кажување добредојде на Тимот на бегалски олимписки атлети на Олимписките игри во Рио, сакаме да испратиме порака на надеж до сите бегалци во светот. Бидејќи немаат национален тим на кој припаѓаат, знаме да маршираат зад него, химна која ќе свири за нив, овие бегалци ќе бидат добредојдени на Олимписките игри со олимпиското знаме и химната. Ќе имаат дом заедно со другите 11000 спортисти од 206 национални олимписки тимови во олимпиското село“, вели претседателот на ИОК, Томас Бах.

Комитетот ќе обезбеди тренери и патни трошоци за спортистите, преку програмата Олимписка солидарност.

Извор: Mashable