Бегалски спасувачки појаси ја обвиткаа концертната сала во Берлин

Иллјадници портокалови спасувачки ги обвиткаа столбовите на концертната сала во Берлин како дел од уметничката инсталација на познатиот кинески уметник Аи Веивеи, објавија светските медиуми.

Целта на инсталацијата е да се укаже на страдањето на бегалците кои го ризикуваат животот обидувајќи се да стигнат во Европа преку Егејското море. За потребите на проектот, 58-годишниот уметник има употребено 14 000 спасувачки појаси од напуштени плажи на островот Лезбос кој уметникот неколкупати го има посетено во екот на бегалската криза.