Бегалска криза: 13000 луѓе спасени од Средоземното Море за една недела

Повеќе од 660 бегалци биле спасени од крајбрежната стража и бродовите на морнарицата во еден ден.

Флота бродови спасила 668 луѓе од гумени бродови во Средоземното Море во саботата, објавија властите во Италија. Со тоа, вкупниот број на луѓе извлечени од морето во изминатата недела пораснал на 13000 луѓе.

Спасувањата на италијанската крајбрежна стража, со помош на ирски и германски бродови и хуманитарни групи, се последните успеси на мултинационалната патрола јужно од италијанскиот остров Сицилија.

Топлата пролетна клима доведе до многу поголем број на луѓе кои се обидуваат да ја поминат опасната рута од Африка до Европа.

Ирската војска објави дека бродот Ле Розин спасил 123 луѓе од гумен чамец долг 12 метри, и пронашле едно машко тело. Германскиот брод бил вклучен во четири засебни спасувачки операции, објави италијанската крајбрежна стража во саботата навечер.

Властите велат дека многу бродови потонале во изминатите неколку години без трага во Средоземното Море, а починатите никогаш не биле пронајдени. Често за тоа дознаваат откако роднините од Африка или Европа пријавуваат дека нивните блиски никогаш не стигнале во Италија откако тргнале од Либија.

Извор: Guardian