Бегалците ја пробија оградата на македонско-грчката граница

Група бегалци урнаа дел од оградата од бодликава жица на македонско-грчката граница со користење на челични шипки, јави BBC.

На видео снимките се гледаат бегалците како ја туркаат оградата на Идомени и ја кинат бодликавата жица, по што македонската полиција пушти солзавец за да ги истурка назад.

Нејасно е колку бегалци успеаа да ја поминат границата. Многумина од оние кои се обидуваат да стигнат до Европа се од Сирија и од Ирак. Околу 6,500 луѓе се заглавени на грчката страна од границата додека Македонија пропушта многу малку на дневно ниво.

Илјадници кампуваат во лоши услови една недела и повеќе, со малку храна и медицинска помош. Македонија и некои од другите балкански земји кренаа огради на границите во обид да го спречат бранот бегалци, откако повеќе од милион бегалци стигнаа до Германија минатата година.

Грција е лута на Австрија заради тоа што го ограничи бројот на мигранти кои ќе ги прими во земјата. Кризата ја остави Грција да зема голем дел од товарот за бегалците кои ќе пристигнат во ЕУ од Турција.

Многу од бегалците бегаат од воени зони од Блискиот Исток, додека други бегаат од злоупотреби на човековите права во Авганистан, Еритреја и други конфликтни зони.

Извор: BBC