Базите на податоци и вештачката интелигенција меѓу темите на панел дискусијата на Women in Tech

За најновите трендови околу big data, базите на податоци и важноста на data management, но и вештачката интелигенција и машинското учење, и како тие може да го променат текот на еден проект, бизнис идеја и компанија, ќе зборуваат три претставнички на индустријата.

Македонската организација Women in Tech (Жени во технологијата), најави онлајн настан на 7 март со почеток во 18 часот, каде ќе се зборува токму на овие теми.

Во 90 минутен разговор професионалните искуства и предизвици ќе ги споделат:

Александра Манолчева – тим лидер кој презема иницијатива и креативен социјален активист. Таа моментално работи како главен инженер за бази на податоци и Python девелопер во Sample Solutions и главен оперативен директор во Ways2Help.

Мишел Муцунска – научник за податоци/инженер за машинско учење во Data Masters. Таа моментално работи во доменот на финансиите и банкарството и развива модели за машинско учење за да процени и предвиди дали компанија или поединец што побарува финансирање ќе биде во можност да го врати истото во иднина.

Дијана Ефтимова – инженер за податоци во Slice со целокупно искуство во светот на Big Data скоро 5 години. Таа работи на поставување и одржување на бази за податоци каде што главната цел е да се добијат вистинските податоци во вистинското место и навреме.

Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани. За учество потребно е да се регистрирате на следниот ЛИНК, додека прашања може да се поставуваат ОВДЕ пред настанот.

Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.