Батерии кои се делумно направени од рециклирани материјали

„Energizer“ ги разви првите батерии во светот AA „супер-премиум“ кои се делумно направени од рециклирани материјали.

Батериите се направени со четири проценти рециклиран материјал, но иако тоа не звучи многу, целта на компанијата е до 2025 година бројката да достигне до 40 проценти.

„Energizer “ се надева дека ова е еден начин да го намали своето влијание врз животната средина на планетата. Новите батерии ќе бидат достапни до крајот на месецот.

Тие во себе вклучуваат голема количина на активна состојка која е целосно добиена од стари батерии. Сепак, појавата на новите батерии во продажните места ќе значи дека ќе бидат за неколку проценти со повисоки центи од обичните батерии.

Извор: Mashable