Баскер фест 2013: Комбинација од музика и улична уметност

Баскер фест 2013: Комбинација од музика и улична уметностБаскер Фест годинава подготвува десет дена целосно исполнeти со исклучително фестивалско искуство и слобода на сосема нов начин, претставена со оваа единствена атракција под отворено небо, која преку ноќ го претвора Скопје во „стрит-арт“ град на забавата. Меѓу главните ѕвезди на фестивалот се токму и „баскерите“ кои годинава сочинуваат дел од најатрактивните светски „стрит“ уметници подготвени да нѐ забавуваат и воодушеват со спектакуларната комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти. На Баскер Фест, од 14 до 23 јуни 2013 ќе гостуваат улични артисти кои доаѓаат во Македонија од сите страни на светот како Нов Зеланд, Австралија, Бразил, Канада, Венецуела, Гана, Латвија, Перу, Албанија, Шпанија, Аргентина, Германија, Бугарија, САД, Грција, Јапонија, Велика Британија, Италија и други земји.

Дел од атрактивниот „баскер-тим“ годинава е и DIOGO ALVARES – маестралниот бразилски илузионист кој својот дом го најде во Шпанија. Своите шоуа тој секој пат ги одржува придружени со музика која ги расположува луѓето и ги подготвува за добрата забава со неговиот перформанс. Тој е исклучително талентиран професионалец, кој во Бразил стекна слава и настапувајќи на телевизиските шоуа, но сепак како искрен баскер ги одбра европските улици за остварување на својот сон.

Баскер фест 2013: Комбинација од музика и улична уметностНа Баскер Фест доаѓа и шоуто на BIKERINA кое е нешто сосема различно во баскер перформансите. Можете ли да излезете од вашите панталони додека балансирате на едноцикл? Можно ли е да танцувате балет додека изведувате каскадерски точки на BMX? ДА! Ина која доаѓа од Германија, ќе ве забавува со нејзиниот спектакуларен настап кој стандардно го затвора со воодушевувачки огнени трикови на едноцикл и ова е перформанс кој сигурно ќе ве воодушеви. А додека го читате ова Bikerina веќе се загрева со „стој на раце“ превртувања!

Од Канада пак, ни гостува JAY. Тој има енергија колку десет разграни кутриња, но без нередот кој го оставаат, и распон на внимание колку една златна рипка. Неговиот перформанс е најбрзата и најфуриозна рутина на жонглирање со јаболка која било кога ќе ја видите, а тој воедно и оди бос по раскршено стакло додека жонглира со огнени факели.  Спојте го тоа со жонглирање со ножеви додека е на врвот од зстрашувачка кула од маси која несигурно се тетерави на цевка и добивате шоу кое дефинитивно не смеете да го пропуштите!

Од музичката програма на Баскер Фест, веќе е најавено гостувањето на регионалниот хардкор-даб феномен EYESBURN кој по шест години конечно доаѓа во Скопје, ветувајќи енергичен и еуфоричен настап. Оваа вест наиде на воодушевување на нивните бројни фанови, но истотака претставува задоволство и за момците од бендот, кои по тој повод испраќаат видео поздрав до својата публика во Македонија:

Наскоро се очекуваат и новите имиња од долгата листа сочинета од стотина артисти кои годинава ќе се претстават на Баскер Фест (14-23 јуни 2013). Сите новости и информации за новото издание на фестивалот ќе бидат објавувани на интернет страницата www.buskerfestmakedonija.com и страниците на социјалните мрежи Фејсбук  и Твитер .