Башким Амети ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање

Новиот министер за животна средина и просторно планирање Башким Амети, денес и официјално ја презеде функцијата на министер од својот претходник Нурхан Изаири.

По овој повод, новиот  министер Амети истакна дека во фокусот на неговата работа ќе биде спроведувањето на Програмата на Владата и реализирањето на  предвидените проекти.

Досегашниот министер Изаири му посака успешна работа на новоименуваниот министер.

Башким Амети е роден 1983 година во Глумово Скопје. Завршил Правен факултет на Штуловиот универзитет во тетово во 2007 година, а положил правосуден и нотарски испит. Работел во Пензискиот фонд и Министерството за правда.

ДУИ минатата недела ги повлече сите свои министри од Владата, без јасно образложение и предложи нови, досега непознати за јавноста.