Барокните факултети во дворот на УКИМ ќе чинат 13 милиони евра

Министерството за образование и наука преку јавен повик бара изведувач кој ќе ги гради двете нови згради на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, кои , според планот, треба да се градат во склоп на постоечкиот комплекс на УКИМ, спроти трговскиот центар „Мавровка“, пишува А1ОН.

Министерството ќе издвои над 13 милиони евра за новите згради, кои ќе бидат изградени во барокен стил, по идејно решение на архитектот Жарко Чаушевски. Дополнително, ќе биде уреден просторот околу објектите, односно партерното уредување, а ќе бидат изградени и подземни гаражи. Зградите ќе бидат подигнати на простор на кој сега има зеленило, во дворот на комплексот на УКИМ.

Барокните факултети во дворот на УКИМ ќе чинат 13 милиони евра

На конкурсот на МОН за изгледот на Факултетот за физичко образование беа доставени 10, а за ФИНКИ – 7 трудови. Изборот на барокните решенија беше направен во полутајна процедура, без да биде образложена одлуката на жири-комисијата и без да биде организирана изложба и јавна расправа за предлозите, меѓу кои повеќето беа решенија од модерната архитектура.

Министерството за образование и наука сега бара фирма која ќе го добие тендерот за изведување на градежните работи. Заинтересираните компании имаат рок до 6 јули да ги достават понудите.