Баритонот Борис Трајанов ја добива титулата Национален уметник

Претседателот Ѓорге Иванов денеска свечено ќе му ја додели титулата Национален уметник на Република Македонија за 2014 година на оперскиот пејач Борис Трајанов.
Баритонот Борис Трајанов ја добива титулата Национален уметник
Комисијата составена од академиците Катица Ќулавкова и Газанфер Бајрам, Оливер Белопета и Раде Силјан, по разгледувањето на пристигнатите предлози одлучила дека Трајанов ги исполнува критериумите утврдени со Законот за национален уметник.

Македонскиот баритон ја добива титулата на иницијатива на Македонската опера и балет. Наградата е доживотен паричен надомест од 60 илјади денари месечно.

Трајанов на македонската јавност и е познат и како главен иницијатор на зелената акција „Ден на дрвото“.

Борис Трајанов е четвртиот носител на ова највисоко признание од областа на културата. Добитници  досега се и пијанист Симон Трпчески, филмскиот режисер Милчо Манчевски и естрадниот уметник Есма  Реџепова.