Барби воведе кукли во инвалидски колички и со протетички екстремитети

Компанијата Барби воведува нова серија кукли со кои ќе се бори против стигматизација на луѓето со физички попречености.

Во јуни ќе излезат новите кукли во кои ќе има примерок со протетичка нога, како и кукла во инвалидска количка.

Новите кукли се дел од серијата на Барби за 2019 година, која на децата ќе им понуди поразновидно претставување на убавината.

„Како бренд сакаме да се вклучиме во дебатата околу физичките попречености преку нивно вклучување во нашата модна линија на кукли, со кои ќе продолжиме да покажуваме мулти-димензионален приказ на убавината и модата“, соопштиле од компанијата Мател кои се сопственици на Барби.

Мател соработувале со 13-годишниот Џордан Ривс, кој е активист за лицата со физичка попреченост и кој е роден без левата подлактица, за да ја создадат куклата со протетичка рака, која може да се отстрани за да прикаже „пореалистично“ искуство. Производителот на играчки исто така соработувале со Детската болница на УКЛА и експерти за инвалидски колички за да дизајнираат инвалидска количка, за која од компанијата велат дека е еден од најбараните додатоци од страна на фановите на Барби.

Заедно со серијата кукли, компанијата ќе вклучи и Барби „Куќа од соништата“ која ќе има рампа за инвалидски колички.

Новите кукли беа поздравени од активистите за правата на лица со попречености.

„Симболично е што големата икона на нашето општество, како Барби, сега покажува дека има различни луѓе кои можат да бидат атрактивни и децата да играат со нив“, изјавил Курт Декер, директорот на Националната мрежа за правата на лица со попреченост.

Останатите кукли од модната линија на Барби за 2019 година нуди различни изгледи, како коса со плетенки, пореалистични изгледи на телата, со помали гради, помалку дефинирани струкови и подефинирани раце.