Бараме новинар во Радио МОФ

Радио МОФ го проширува својот тим. Ни треба еден новинар. Со нас ќе остане најмалку 6 месеци. Односно, работниот ангажман ќе трае од октомври 2019, до март 2020 година. Бараме исполнителност и одговорност, нудиме одлична атмосфера за работа и редовна плата.

ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:

  • Работи на теми, истражувања и следи настани кои се од интерес на младите и граѓаните, во согласност со уредувачката политика на Радио МОФ;
  • Работи на зголемување на висливоста на медиумот на социјалните мрежи
  • Учествува во организација на настаните и едукативните активности (обуки, менторства, посети) на Радио МОФ, но и на оние во кои Радио МОФ е медиумски партнер и соработник;
  • Учествува во подготовка на извештаи за проектите и активностите во рамки на Радио МОФ

ПРОФИЛ, ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Завршено високо образование во областа на новинарството;
  • Потребно е работно искуство од најмалку 3 (три) години во медиум. Претходното работно искуство во радио или веб-ориентиран медиум ќе се смета за предност;
  • Познавање и применување на професионалните и етичките стандарди на новинарската професија и силен интерес за покривање и известување на младински и граѓански теми;
  • Одлично познавање на веб-новинарството и функционирањето на социјалните мрежи. Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работено истражувачки стории и имаат практично искуство и напредни вештини во користење фото/видео опрема и софтвер за мултимедијална обработка;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик;
  • Способност за работа во тим составен од повеќе членови;
  • Исполнување на полно работно време (40 часови неделно);
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на Радио МОФ и Младински образовен форум.

Сите кандидати кои ги исполнуваат потребните услови, може да се пријават на овој повик со испраќање на своја кратка биографија (CV), мотивациско писмо и 3 (три) објавени текстови/аудио/видео прилози на следниве адреси: dimitar_nizamovski@mof.org.mk и info@mof.org.mk, со назнака „Апликација за Новинар во Радио МОФ“.

Рокот за пријавување истекува на 4-ти октомври 2019 година (петок, до 23:59 часот). Оние кандидати кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју во просториите на Младински образовен форум.

Работниот ангажман започнува во октомври, по завршувањето на повикот и разговорите за позицијата со раководството и главниот уредник на Радио МОФ.

Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, ќе се обиде да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.
Целната публика на Радио МОФ се сите млади луѓе и граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.