Банкините на „Цветан Димов“ во Чаир добија графити со имиња на деца кои секојдневно ја минуваат улицата

На заштитната ограда, која месецов Град Скопје ја постави на улицата „Цветан Димов“, деновиве млади уметници цртаат графити со имиња на деца кои секојдневно го поминуваат.

Бесмир, Ера, Омар, Тони и Нина се дел од имињата испишани на банкините, а кои како што информираат од Општина Чаир, секојдневно ја преминуваат улицата за да одат и ја следат наставата во училиштата и градинките во тој крај.

Заштитната ограда започна да се поставува на почетокот од месецов, а како што информираа од Град Скопје, целта е поголема заштита на пешаците и велосипедистите, како и воспоставување контрола на сообраќајниот метеж на оваа улица.