„Банана-протест“ во Полска поради отстранување уметнички дела од Националниот музеј

Граѓани од Полска вчера протестираа со банани пред Националниот музеј во Варшава револтирани од отстранувањето на уметнички дела, кои биле прогласени за „непристојни“ од директорот на институцијата.

Над илјада демонстранти учествуваа во протестот чија симболика се повикува на едно од уметничките дела – видео од 1973 година наречено „Конзумерска уметност“ на уметницата Наталиа ЛЛ кое прикажува жена како јаде банана.

Отстранетo било и дело на Катарзина Козира, кое прикажува жена која шета со два мажи облечени како животни кои ги држи на каиш.

Директорот на музејот, Јержи Мизиолек, за локален полски медиум минатата недела изјавил дека „се противи на прикажување дела кои можат да ја вознемират ранливата категорија на млади луѓе“.

Подоцна музејот вети дека делата ќе бидат вратени во нивните поставки, но протестот сепак се одржа и покрај информацијата.

Корисниците на социјални мрежи во меѓувреме објавуваа фотографии под хаштагот #stopcenzurze (#стопцензура).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by magda c (@cielecka_magda.official) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Аннушка (Ania Zet.) (@bambinocriminale) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Wawrzyniak (@tata_with_tattoos) on