Балкански начин на воспитување деца – насилство или казна?

Повишувањето на тонот за да се заплаши дететето и удирање по задникот претставува насилство кога станува збор за родителското казнување на децата, се истакнува во најновиот извештај на UNICEF, според кој ваквото воспитување е застапено во регионот во голема мерка. Ова се методи на казнување кои ги практикуваат повеќе од 50 отсто од родителите во регионот, анализира Ал Џезеира.

Децата се осамени и се плашат да пријават насилство

Дека во начинот на испрашување во регионот е изразено физичко и емоционално казнување на децата, како што тврдат експертите, укажува и податокот за примените на ваквите методи – од 55 посто од случаите во Босна и Херцеговина, па сé до 70 посто во Македонија.

Тоа не вклучува тешко физичко казнување на децата, како што е константно и силно удирање по лицето на детето, што во земјите од регионот е застапено во 1 посто од случаите. Меѓутоа, мајка на петгодишно момче од Сараево мисли дека дефинирањето на повишениот тон како насилство над децата е претерано.

„Мислам дека малку претеруваат со овие нови методи на воспитување. Секако дека не го удирам своето дете секој ден, и тоа е насилство, но понекогаш знам да го повишам тонот и малку да го удрам по задникот, што е навистина ретко“, објаснува оваа мајка, која не би сакала да биде именувана „за некои луѓе случајно да не ја обвинат за насилство“, што е, како што вели, „смешно и нереално“.

Додава и дека е често уморна кога ќе се врати од работа и дека нема време цел ден на детето да му објаснува што може да добие, а што не.

„Понекогаш тоа го правам од страв, бидејќи ако видам дека се качува на некоја висока ограда, дрво, или скока од некој ѕид, секако дека се преплашувам и го повишувам тонот и врескам, за да не му падне на памет пак да направи нешто такво. Тоа не би можела да го поднесам, како и секоја мајка“.

Сепак, шефот на претставништвото на UNICEF за Црна Гора Бенџамин Перкс вели дека методите на насилно дисциплинирање на децата вбројува акции како „повишување на тонот, викање, врескање на детето и нарекување ’глупаво’, ’мрзеливо’, или со други погрдни имиња“.

Мајката од Сараево сепак не се согласува со тоа во целост.

„Да се нарекува детето глупаво навистина е вербално насилство, тоа е апсолутно неприфатливо, и мислам дека ако мајката или таткото велат дека детето им е глупаво, според мене не се добри родители. Но ако повремено му кажам на мојот син дека е мрзелив во смисол ’Не биди мрзелив, направи тоа и тоа’, навистина не ми изгледа како насилство над децата“, смета таа.

Во Црна Гора податоци од истражување од 2013 година покажуваат дека 69 посто од децата на возраст помеѓу 1 и 14 години се изложени на методите на насилно дисциплинирање од родителите. Повеќе од 41 посто од жителите сметаат дека телесното казнување е сосема неприфатливо, а 53 посто мислат дека понекогаш е оправдано и дека треба да се применува до десеттата, а можеби и до петнаесеттата година.

Како една од причините зошто родителите ги користат овие методи се наведува и дека единствено така можат кај децата да постигнат посакувани промени во однесувањето, објаснува Дарио Липовац, психолог од Бања Лука и координатор на Дневниот центар за деца.

Додава и дека често и економските фактори се споменуваат како причини зошто родителите психички и физички ги казнуваат децата.

„Тоа се сиромаштијата, недостатокот на работа, оптеретеноста на родителите со егзистенцијални проблеми – што и се големи проблеми, но секогаш треба да знаеме дека никакво насилство над децата не може да се оправда“, додава.

Весна Савиќ-Ѓукиќ од UNICEF во Србија објаснува дека телесното казнување „најчесто се оправдува во најраните возрасти како начин да се спречат ситуации кои се опасни за децата“.

Здружението „Нова генерација“ минатата година како членка на Независниот мониторинг тим за следење на Државната стратегија за борбата против насилство над децата во Босна и Херцеговина 2012/2015 година учествувало во изработката на извештај за насилството над децата во БиХ.

Истражувањето опфатило повеќе од 3.500 испитаници, од кои 1.688 се деца, а 1.859 возрасни. Психологот Дарио Липовац вели дека важен податок во тоа истражување претставуваат ставовите на децата за насилството генерално.

„Една четвртина од децата испитаници сметаат дека денес се исплати да се биде насилник, а кога ќе се спомене дека е ист процентот на возрасни кои имаат ваков став, тогаш овие резултати ни покажуваат дека значаен број на деца и возрасни сметаат дека живееме во ’култура на насилство’, што е загрижувачко“, вели Липовац.

Тој заклучува дека нашето општество има висока толеранција над насилството, поради што и во воспитувањето на децата е изразено физичко и емоционално казнување.

Извор: Ал Џезеира