Балканска 3а/2 од Дејан Дуковски во Центарот за култура во Охрид

Во петок, 31 јануари, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид, повторно ќе се изведе претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие; „Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење; „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење“, стои во описот на претставата.

Билетите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, а можат да се резервираат и на телефонските броеви 046/261-063, 075/283-066