Балканот ги губи младите, предупредува Светска банка

Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина мора да се обидат да се спротивстават на негативното влијание на постојаниот одлив на население во европските земји, јавува Светската банка, пренесува Balkan Insight.

Новиот извештај на Светската банка за економската состојба на шесте балкански земји, меѓу кои и Македонија, беше објавен во понеделникот. Документот предупредува дека нашиот регион губи витален дел од младото и образовано население и ги повикува владите да преземат акција за да се справат со последиците.

„Шесте држави од западен Балкан (Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина) се меѓу земјите со најголем број на иселеници во светот. Денес, еквивалент на четвртина од моменталното население на овие земји живее надвор од нивната татковина“, пишува извештајот за две години.

„Од почетокот на 1990-тите, има стабилен одлив на мигрантите од овие земји во Европската унија. Од прилика 4,9 милиони луѓе ги напуштиле матичните држави“, пишува во него.

Извештајот јавува дека за разлика од 90-тите, кога луѓето бегале поради конфликтите на Балканот, повеќе од моменталните емигранти заминуваат од економски причини: „Слабиот пораст од почетокот на глобалната финансиска криза, хронично високата стапка на невработеност, платите кои се само третина од просечната плата во ЕУ и ранливоста на надворешните шокови и природните катастрофи, го намалија домашниот приход во регионот. Затоа, луѓето продолжуваат да емигрираат во потрага по подобри економски можности. Мнозинството на мигранти се млади и работоспособни, и најчесто со високо образование од истата возрасна група во домашните земји“.

Бројот на баратели на азил регистрирани во Германија од регионот речиси тројно се зголемил во споредба со минатата година: 78000 барања биле поднесени во период од шест месеци, од јануари до јуни 2015.

Светската банка ги советува владите да инвестираат во нечовечки капитал и да создадат можности кои ќе генерираат поголем приход, со цел да ги мотивираат младите луѓе да остаат дома или да се вратат од странство.

Извор: Balkan Insight