Балетски концерт „Балетски бисери“ во Националната опера и балет

Во склоп на балетскиот концерт „Балетски бисери“, кој ќе се одржи на 29 јануари во Националната опера и балет, пред публиката ќе бидат претставени и делата „Бајадера“, „Рајмонда“ и „Силфида“.

На концертот ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.