Балетот „Шехерезада“ денеска и утре во МОБ

Балетот „Шехерезада“ денеска и утре во МОБНа сцената во Македонската опера и балет, вечерва и утревечер (22 и 23 јануари) во 20 часот, ќе биде изведена балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски Корсаков. Улогата на Забеида ќе ја толкува Александра Мијалкова, додека Златниот роб е гостинот од Грузија, Василиј Чичијашвили. Во останатите улоги ќе настапат Горан Божинов како Султан Шахријар и Киро Павлов како Шах Земан.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска. Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија, сценографија на Марија Ветеровска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија.