Балетот „Дон Кихот“ во НОБ

Балетот „Дон Кихот“, „волшебна приказна за ветерници, ‘совршената’ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу“, ќе се одигра на 2 декември, петок, во Националната опера и балет.

Со почеток од 20 часот, балетското дело ќе биде поставено со музиката на Лудвиг Минкус.

Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, додека кореографијата е на украинскиот изведбен уметник Виктор Јаременко.

Во главните улоги настапуваат Mими Поп-Алексова Атанасовска, Франсиско Хименез Руиз, Игор Веланоски, како и солисти, балетскиот ансамбл, Оркестарот на НОБ и деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Повеќе информации за балетот се достапни тука.