Бакнеж на руските атлетичарки против силната анти – геј пропаганда

Пред очите на целиот свет вперени во нив, двете руски атлетичарки си разменија бакнежи на подиумот по освојувањето на златниот медал на Светското атлетско првенство.

Овој гест на Kseniya Ryzhova и Tatyana Firova беше знак на протест поради анти-геј пропагандата која сериозно се распламтува во Русија поттикната од тамошните власти.

Бакнеж на руските атлетичарки против силната геј пропаганда

Руските атлетичарки во тешка и возбудлива трка на 4х400 метри успеаја да ги победат останатите и да го освојат златото. Нивниот бакнеж доаѓа и како знак на револт откако руската олимпијка Yelena Isinbayeva застана во одбрана на анти-геј пропагандните закони во нејзината земја по примањето на нејзиниот златен медал.

„Ако ние дозволиме да се промовираат и да се прават сите тие работи на улица, ние многу се плашиме за нашата нација, бидејќи ние се сметаме себеси како нормален, стандарден народ”, изјави Исинбаева на прес-конференција пред неколку дена.