„Back 2 School Week“ журки и Пол ван Дајк во Аеродром

Од вечерва, 24 август, до 1 септември, Општина Аеродром организира „Back 2 School Week“ на повеќе локации низ општината. За целиот настан кој ќе финишира со настап на познатиот диџеј Пол ван Дајк на 31 август во паркот „Авионче“, општината од буџетот ќе потроши 2,4 милиони денари или околу 40 000 евра.

Урбаниот настан ќе биде отворен вечерва со концерт на ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“. На 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ е најавена театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5.

Од понеделник до петок, со почеток во 20:30 часот, аркот на езерата е локацијата на која ќе има настапи на повеќе музичари. Така, најавен е настап на Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ за понеделник, Бендоф и диџеј Цена во вторник, „Саутпарк“ и диџеј Мартин во среда, „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже во четврток и „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ во петок.

„BACK 2 SCHOOL WEEK“ ќе биде заокружен со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18 часот, каде ќе настапи Огнен Здравковски со незаборавните рок и екс ЈУ-хитови.