Азиз Ансари целосно се исклучи од интернетот

Во ново интервју, комичарот и актер Азиз Ансари, познат по својата улога во сериите „Parks and Recreation“ и „Master of None“, соопшти дека целосно се исклучи од интернетот, гасејќи ги своите профили на социјалните мрежи и мејловите и бришејќи го пребарувачот на својот телефон.

Тој наведува неколку поенти за тоа зошто се одлучил на ваков потег:

„Секојпат кога проверувате нова објава на Инстаграм, или кога ја посетувате страната на ‘Њујорк Тајмс’ за да проверите дали има нешто ново, не станува збор за содржината. Се работи за тоа да се види нова работа. Станувате заразни од тоа чувство. Нема да може да се контролирате. Така што, единствениот начин за да се борите е да се тргнете себеси од равенката и да се отргнете од сите овие работи. Со текот на времето вие ќе заборавите на тоа. Повеќе нема да ви е гајле“.

Тој исто така зборуваше и за проблемот да се стане целосно независен на интернет и на мобилните уреди.

„Кога првпат го отстранив пребарувачот од мојот телефон, си реков ‘како ќе ги следам работите’. Но, поголемиот дел од она што го гледаш, е нешто што не ти треба. Сите тие веб-страници што ги читаш додека си во такси, не мора да гледаш во ниту една од тие работи. Подобро е да седнеш и за минута да бидеш во сопствената глава. Сакав да го престанам тој момент кога ќе пристигнев дома и да читам по веб сајтовите час и половина, проверувајќи дали има нешто ново наместо да читам книга. Ова го правам веќе неколку месеци и функционира. Во моментов, читам три книги“, рече тој.

Зависноста од интернет е растечки проблем што ги засега луѓето низ целиот свет и предизвикува проблеми како неспособност за концентрација, па дури и предизвикувајќи невролошко оштетување.