Авторот на Вондер Воман потврди дека суперхероината е квир

Вондер Воман е квир, потврди нејзиниот автор, додавајќи дека знаците за нејзиниот сексуален идентитет биле многу јасни.

Грег Рука, кој работел на стриповите за суперхероината за ДЦ Комикс во периодот на 2000-тите, во интервју за Comicosity, сајтот за стрип-вести, вели дека Вондер Воман очигледно била во љубов и врски со други жени, како што долго време шпекулираа фановите.

Но, и покрај тоа што публиката бара повеќе главни карактери во стриповите од маргинализираните групи, Рука е критичен на сценаристите кои поради оваа причина силно ја истакнуваат сексуланоста на карактерите во нивните наративи.

„Карактерот треба да застане и да рече „ЈАС СУМ ГЕЈ!“ со големи букви за да биде очигледно. Според мене тоа е лошо пишување. Тоа е карактер кој изјавува нешто што не влијае на приказната“, објаснува авторот.

vonder-voman-kvir-2

Вондер Воман е позната како принцезата-воин Дaјана во нејзината татковина Темискира- рајски остров населен само со Амазонки.

„Мојата работа е да служам на карактерот. Да ги раскажам најдобрите приказни кои можам за неа и на најдобар начин. Ако, помеѓу тоа, успееме да ги прошириме основите за поголемо разбирање на културното значење на Дајана и да ги одговориме прашањата на луѓето – супер. И знам дека ова ќе фрустрира некои читатели, но тоа не е мојата приоритетна задача. И не треба да биде, бидејќи во спротивно добиваме полемика, а не приказна. Полемиката е лоша нарација“, додава авторот.

Во случајот на Вондер Воман, додава тој, нејзиниот квир идентитет е важен за наративот, на начин каков што не е случај со други суперхерои, бидејќи Темискира е прикажана како рај, а со тоа доаѓа и различноста.

„Мора да биде инклузивно општество, поради повеќе причини – рајот е една од нив. Не велам дека тоа не е случај со Бетмен или Супермен, но за Дајана се работи за многу активна инклузивност. Тоа е дел од нејзиниот лик. Нејзините раце се секогаш широко отворени. Има место за сите. Мислам, Бетмен нема проблем, но тој не го поминува времето размислувајќи како најдобро да ги разбере другите мажи“, низ смеа одговара Рука.

Тој додава дека бил изненаден што бисексуалноста на Вондер Воман била под знак прашање и покрај бројните наговестувања во приказната.

„Не знам колку појасно можам да го направам. Не е важно ако кажам `да таа е квир`, или `не, таа не е квир`. Важно е што добивате од стрипот. Можете да го најдете? Дали е тука? Дали е на страниците со акција или низ делата? Тука ви е одговорот“, одговара Рука.

Потврдата за сексуалноста на хероината беше проследено со позитивни реакции на социјалните мрежи.

За јуни, следната година најавен е посебен филм за Вондер Воман, една од најпознатите женски суперхероини во стрип уметноста. Првиот трејлер ја прикажува Принцезата Дајана во борба за мир за време на Првата светска војна.