Автономна Зона во сабота на Филолошки факултет

Продолжуваат настаните кои се дел од Автономната зона организирана од Студентски Пленум, овој пат во сабота на Филолошки/Филозофски факултет.

Во 11:00 часот ќе се одржи курс по албански јазик (почетно ниво) во амфитеатар 2, додека во 13:00 часот ќе започнат серијата предавања за В. Б. ЈЕЈТС // 1: Јејтс и модерната поезија со Виктор Јованоски.

Во 15:00 часот ќе има проекција и дискусија „Antonia’s line” во амфитеатар 3 и во 17:30 часот концерт ќе одржи групата Калевала во аулата на факултетот.

Повеќе информации за настанот може да се погледнат на следниот линк.