Австриски музичар тргна на турнеја со велосипед

Австрискиот музичар Ману Делаго во петокот, заедно со својот бенд започнаа концертна турнеја низ Австрија долга 1.600 километри, за да го прослават издавањето на неговиот нов сингл „ReCycling“, пренесува Инхабитат.

Делаго е реномиран свирач на хендпан, инструмент измислен во Швајцарија, кој потекнува од карипски челични тапани. Настапувал во повеќе од 50 земји, номиниран е за Греми, се појавил како солист со симфонискиот оркестар во Лондон и соработувал со Бјорк и Анушка Шанкар. Неговиот нов сингл ги комбинира неговите препознатливи звуци на хендпан и звуците на велосипедите.

За турнејата за ReCycling, Делаго и неговиот бенд ќе одржат 25 настапи за 35 дена. Велосипедските приколки се специјално изработени за безбедно пренесување на инструментите. Патувачката група од шест лица – вклучувајќи музичари и членови на екипажот – ќе користи соларни панели за производство на електрична енергија на патот.

„Интензивните патувања со авион и автобус низ целиот свет ме натераа да размислувам како јас како музичар можам да придонесам за заштита на климата“, вели Делаго.

Тој објавува и кратки влогови секој ден за време на патувањето, како дневник од турнејата и место за прикажување совети за одржливост пред своите обожаватели.

„Мојата цел е да инспирирам што повеќе луѓе, покрај музичката индустрија, да водат и одржлив начин на живот“, рече тој.

Неколкуте настапи на Делаго ќе бидат пренесувани во живо за неговите обожаватели ширум светот.