Австриски медал на честа за професорот Милорад Јовановски од Градежниот факултет

Австриската асоцијација на инженери и архитекти му го додели признанието Голем  Златен Медал на Честа (Great Gold Medal of Honour) на проф. д-р Милорад Јовановски од Градежниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” за неговиот исклучителен научен и практичен долгогодишен придонес во развојот на инженерската геологија и геотехниката.

Доделувањето се случи на 31 јануари 2019 година на свеченото отварање на VÖBU FAIR – најголемиот геотехнички саем во Виена, Австрија, односно на 12-тата Австриска геотехничка конференција, посветена на „таткото” на современата механика на почви Карл Терцаги.

Признанието претставува највисока награда на Австриската асоцијација, а досега е доделено само 3 пати во нејзиното постоење. Првпат во 1995, потоа во 2011 и оваа година го добива малкедонскиот професор Јовановски.