Австриски диџеј се заклучил во студио и два часа ја пуштал „Last Christmas“

Австриски радио диџеј е казнет откако познатата божиќна песна „Last Christmas“ ја пуштил во етер 24 пати по ред. Joe Kohlhofer се забарикадирал во студиото, го заклучил и не и дозволил на својата колешка  и ко-водителка да влезе и да ја смени песната.

Сепак, како резултат на неговата шега, е казнет со тоа што ќе работи и за Бадник и за новогодишната ноќ.

Програмскиот уредник на радиото „Antenne Kaernten“, Timm Bodner изјавил дека целата ситуација била смешна, но некој мора да сноси последици.

Австрискиот диџеј почнал со својот маратон од една песна во 8 часот утрото, а запрел два часа подоцна кога му се јавила неговата четири годишна ќерќа за да се пожали.

Целта на диџејот вели дека сакал да го донесе божиќното расположение во домовите на луѓето.