Уставниот суд на Австрија одлучи дека за лицата кои сметаат дека не се ниту машки ниту женски пол, ќе се воведе посебен назив во официјалните документи.
Се уште не е одлучено кој ќе биде називот на овој пол, но како што пренесуваат австриските медиуми во игра се термините „меѓу“ или „отворено“.
Со оваа одлука Австријците наскоро во регистерот на граѓани ќе можат да се запишат со „третиот“ полов идентитет, покрај веќе востановените машки и женски пол.