Австрија го издаде првиот матичен извод на родени на интерполово лице

Австрија ќе го издаде првиот интерполов матичен извод на родени по четиригодишна правна битка.

Алекс Јирген (42) во 2018 стана првата личност во австриската историја со лични документи со кои се идентификува како интерполова личност.

Ваквата историска одлука на Австрискиот суд помогнала Јирген да извади пасош со кој се идентификува како родова неутрална личност. Судот одлучил дека документите за идентификација ги присилуваат интерполовите личности на бинарен род, со што се злоупотребува нивното право на приватност.

Сепак, битката на Јирген не била целосно освоена.
Австриското министерство за внатрешни работи одлучило да го означи родот на Јирген во изводот како „diverse“, одсносно „друго“. Јирген со својата правна битка целел родовиот идентитет да биде означен како „интер“ односно интерполов идентитет.
Две години подоцна, Австриските власти потврдиле дека ќе издадат извод, кој го потврдува интерполовиот идентитет и дека Јирген наскоро ќе го добие документот по пошта.
Јирген, кои живеат во северниот град Срејер, истакнале дека одолвлекуваната одлука значи дека тие конечно ќе можат да продолжат со живеење на животот.
„Многу сме среќни што законот и владата конечно го препознаа овој проблем. Многу луѓе не го прифаќаат фактот дека може да постои и трета опција“, изјавиле Јирген за „Ројтерс“.

Истовремено, само дел од земјите дозволуваат интерполовите личности родово да се идентификуваат како такви на нивните матични изводи, пасоши, возачки дозволи и лични карти. Вакви држави се Бангладеш, Чиле, Исланд, Индија, Германија, Малта, Непал, Пакистан, Португалија и Уругвај. Австралија и Нов Зеланд дозволуваат само трета опција на пасошите.

Додека САД сè уште не ја има легализирано интерполовата идентификација, 12 држави дозволуваат личностите родово да се идентификуваат со „Х“ на своите изводи и тоа Калифорнија, Колорадо, Мејн, Њу Џерски, Њу Мексико и Вашингтон.

Интерполовите луѓе, чии сексуалните карактеристики не се совпаѓаат со бинарната родова класификација, се смета дека опфаќаат околу 1. 7 отсто од светската популација.

Извор: Them