Австралиските ученици ќе учат кодирање во основно училиште

Кодирањето ги замени историјата и географијата со новиот курикулум за нови дигитални технологии во училиштата во Австралија, кој беше изгласан од министрите за образование во петокот.

Според новиот федерален закон, кодирањето и технологиите на 21-виот век ќе бидат предавани во основните училишта од петто одделение, а програмирање учениците ќе слушаат од седмо одделение.

Австралија со оваа промена прави обид да даде поголем фокус на кодирањето и информатичката наука, технологијата, инженерингот и математиката (STEM предмети) како предмети кои ќе ги слушаат учениците од најрана возраст.

Владата ќе потроши 12 милиони австралиски долари на 4 различни STEM иницијативи: развој на нов и иновативен курикулум по математика, воведување на компјутерско кодирање, P-TECH стил училишни веб страници и летни училишта за STEM ученици од малцинските групи.

„Висококвалитетното STEM образование е особено важно за продуктивноста и економската благосостојба на Австралија, и сега и за во иднина“, вели Christopher Pyne, федерален министер за образование на Австралија.

Додал и дека сака да го врати фокусот на STEM субјектите во училиштата и дека очекува  наставниците да имаат повеќе инструкции за овие предмети за време на првичните тренинзи.

Извор: Mashable