Австралијанците имаат најбрз мобилен интернет

Австралијанците имаат најбрз мобилен интернет на светот, со просечна даунлоад брзина на 4 џи мрежата. Тоа е одлична брзина од 24,5 мегабита во секунда.

Австралијанците имаат најбрз мобилен интернет

Според брзината, што ја утврдуваше англиската фирма Опен Сигнал, а информациите денеска ги пренесе Хсинхуа, италијанските оператори се на второ место со просечни 22,2 мегабита во секунда.

Ваквата брзина, постигната во втората половина од минатата година, е дури 42 отсто поголема од брзината на мобилниот интернет остварена во 2012 година.

Австралија се искачи на првото место во светот благодарејќи на големите инвестиции во оваа сфера во последните три години кога изврши и комплетирање на техничките капацитети за понуда на 4 џи мрежата.