Aвстралија, Шведска и Јужна Кореја се најдобри држави за тинејџерите

Австралиските тинејџери имаат многу подобар живото од другите деца, се тврди во новата студија на Global Youth Wellbeing Index која е направена врз база на повеќе индикатори и за 30 држави во светот.

Aвстралија е надобра држава за живот на тинејџерите

Австралија е прва на листата според Центарот за стратешки и меѓународни истражувања, односно Меѓународната фондација за млади со што земјата освои најголем број бодови на Global Youth Wellbeing Index-от.

Покрај Австралија, во првата петорка влегоа Шведска, Јужна Кореја, Велика Британија и Германија. На крајот на листата пак се најдоа Индија, Кенија, Танзанија, Уганда и Нигерија.

 Aвстралија е надобра држава за живот на тинејџерите

Индексот е правен според неколку параметри и тоа: економските можности за младите, пристапот до образование, здравствениот систем, пристапот до информации и комуникации, како и сигурноста на младите.

2

Целта на ваквото истражување е да се утврдат индикаторите кои позитивно влијаат врз развојот на младите и да се искористат за креирање политики на глобално ниво. Проценетата бројка од 1,8 милијарди млади на возраст од 10-24 години ја претставува најголемата генерација во историјата на човештвото, се посочува во извештајот.