Австралија, САД и Велика Британија се најскапи држави за странските студенти

Австралија е најскапата земја за странски студенти покажа последниот извештај на HSBC, пренесува Бизнис Инсајдер.

Австралија, САД и Велика Британија се најскапи држави за странските студенти

Според извештајот, годишните трошоци на странскиот студент во Австралија се над 38 000 долари годишно. Со тоа, земјата е на прво место во светот за овие студенти, па помеѓу 2009 и 2012 година нивниот број овде е намален за 12%.

На второ и трето место како најскапи држави за студирање се наведуваат САД и Велика Британија, каде што годишните трошоци изнесуваат 35 000 и 30 000 долари.  На врвот на листата како најскапи држави за студентите се најдоа и Сингапур, Хонг Конг и Јапонија.

Притоа HSBC ги објави разгледа податоците за високото образование во 13-те најскапи земји за студирање.

Австралија, САД и Велика Британија се најскапи држави за странските студенти

Австралија сега се стреми да го олесни визниот режим за странските студенти со цел за да привлече повеќе странски студенти, пренесува Бизнис Инсајдер.