Австралија постави соларни сообраќајни знаци

Сиднеј го презема водството меѓу градовите со еко-пријателски решенија, поставувајќи сообраќајни знаци кои се први во светот што целосно користат соларна енергија, пренесе inhabitat.

Знаците се целосно одржливи и во можност самостојно да се ажурираат, доколку во сообраќајот е потребна промена, знаците може да се променат на потребите. Технологијата, која користи дисплеј од Е Ink со софтвер од Visionect, има безброј апликации за транспортниот сектор и пошироко.

Австралија постави соларни сообраќајни знаци

Австралиската агенција за пат и поморски услуги инсталираше „екрани“ низ целиот град користејќи технологија на e-хартија, која најчесто се користи за „е-книги“ и смарт часовници, како начин за информирање на јавноста.

Партнерството на американските дизајнери за дисплеј Е Ink и словенечката платформа на програмери Visionect ја создадоа иновацијата, на неверојатно едноставни и еластични услуги. Со целосно соларен погон, ресурсите на градот се недопрени, и екраните користат нула енергија кога се статични.

Информациите прикажани на знаците се емитувани од RMS преку 3G мрежа и може да се ажурираат во секое време, како и за претходно закажани настани.

Изво: Inhabitat