Австралиец има освоено злато во два различни спортови на Параолимпијадата

Австралискиот Параолимпиец Дилан Алкот во вторникот освои златен медал во тенис во парови, заедно со својот партнер Хит Дејвидсон, на Параолимписките игри во Рио. Но, ова не е негов прв златен медал – на Игрите во Пекинг во 2008 година бил дел од кошаркарскиот тим кој освои злато за Австралија.

Во интервју за Channel 7 после натпреварот, Алкот изјавил дека не може да поверува дека успеал да го добие златото.

„Ова е мој златен медал во втор спорт. Да ми кажеше некој како осумгодишен ученик кој е малтретиран од соучениците поради неговата попреченост дека тоа може да се случи, немаше шанси да му поверувам.

Алкот бил роден со тумор на ’рбетниот мозок, и станал параплегичен после ризичната операција која му била извршена како новороденче.

Освен што се усовршува во повеќе спортски дисциплини, Алкот повремено се занимава и со рап. Во 2014 година настапил на музичкиот фестивал Мередит, заедно со Ghostface Killah од Wu-Tang Clan.