Aвион на сончева енергија за првпат тргна на пат околу светот

Швајцарски пилот тргна на пат околу Земјата со авион кој се движи исклучиво со помош на сончева енергија. Андре Боршберг и неговиот сонародник Бертранд Пикард управуваат со „Solar Impulse 2“ кој треба да помине 21,747 милји (35.000км.), на патување кое е планирано да трае 5 месеци, пишува Гардијан.

Бошберг ја презема контролата за полетување од Ал-Батен, главниот аеродром во Абу Даби рано утринава, а првата дестинација е Мускат во Оман. Пилотите ќе бидат затворени во тесна кабина околу 250 часа без кислород и контрола врз температурата додека надворешните температури се движат од -40 до +40 степени.

Заспивањето на подолг период ќе биде невозможно, бидејќи е потребе постојан надзор на летот. Пилотите ќе имаат само по 20 минути за спиење,  на секои 2 до 4 часа. Тие исто така ќе вежбаат и јога, со цел да се одбранат од физичките неудобности за време на летот, ограничени во истото седиште подолго време.

Бошберг вели дека сепак најголем предизвик ќе биде одржувањето на концентрацијата. Пикард, кој е психијатар, во 1999 година бил и дел од тимот кој леташе со балон околу светот, го учел Боршберг на методите на авто-хипноза и медитација со цел задржување на концентрацијата.

„Времето веќе и не е толку важно“, вели Бошберг.

„Имаме многу време и единствениот начин да се справиме со ова е да останеме присутни во сегашниот момент. Доколку почнеме да размислуваме колку време треба да  помине додека стигнеме до посакуваната дестинација, ќе полудиме. Така што единствениот начин е да се остане присебен. На некој начин, ова низ што минуваме е духовно искуство.“

За пилотите ова патување ќе изгледа како набљудување на Земјата од семеен автомобил. Авионот тежи колку едно „Волво седан“ , а максималната брзина која ја достигнува е 140км. на час, но пилотите ќе ја заштедат енергијата ако се ограничат на половина од оваа брзина. Пилотската кабина е малку поголема од просечен автомобил и содржи животни системи за подршка, храна, кислород, полулежечки седишта кои се користат како кревети, стол и тоалет.

Авионот ќе лета деноноќно, а ќе се движи без гориво, со помош на 17.000 соларни панели поставени на крилата и трупот на авионот. Банката од 633кг. литиумски батерии, околу една четвртина од тежината на целиот авион, се прилагодени да ја пренасочуваат енергијата во моторите во текот на ноќта. Стоп-старт патувањето навраќа во минатото, во раните денови на интерконтиненталните летови, пред брзината и движењето да бидат постигнати со помош на авионските мотори.

Бошберг вели дека успехот на проектот „Solar Impulse“кој веќе стана првиот соларен авион кој ќе лета во текот на ноќта и помеѓу два континента, треба да се погледне и како почетен чекор кон нулта јаглероден простор.

Фосилните горива доминираат уште од 19 век, а денес, авијацијата согорува најмногу јаглерод по патник на километар при секој масовен транспорт. И покрај напорите да се ограничи ова емитување, и понатаму е најбрзо растечки антропоген извор на емисија на стакленички гасови. Овој сектор, од страна на Комитетот на Велика Британија за климатски промени, е идентификуван како најтежок извор на емисија на декарбонати.

„Соларниот лет би требало да го промени ова, но сепак остануваат децении додека да се сведе на минимум“ – изјави Бошберг.

„Ние мора да сфатиме дека се наоѓаме помеѓу браќата Рајтс и Чарлс Линдберг, периодот од 20 тите години на претходниот век. Така да потребни се 25,30,35 години за чист лет. Новите технологии доправа ќе се развиваат, а за тоа е потребно време.“

Заменик уредникот на магазинот „ Aerospace “, Бил Рид вели дека соларниот лет ни оддалеку не е спремен за комерцијални летови.

„Во моментов авион кој целиот е прекриен со соларни ќелии, не е во можност да генерира доволно енергија за лет. Solar Impulse може да лета со помош на сончевата енергија бидејќи има многу мала тежина и огромен распон на крилјата. Освен ако не постои квантен скок напред во технологијата со соларните ќелии, тие сеуште не можат да се сметаат како единствен извор на енергија во воздухопловството,“ вели тој.

Бошберг вели дека напредокот постигнат во овој проект е корисен за светот.

„ За да се лета на сонце деноноќно, моравме да конструираме авион кој е исклучително енергетски ефикасен. Ваквите технологии кои овозможуваат енергетска ефикасност можат да се искористат и во вашиот дом, автомобилите, апаратите кои се купуваат.“

Моќта на четирите мотори на авионот генерираат околу половина од моќта на моторот. За разлика од конвенционалните мотори, овие губат само 3% од својата енергија преку топлината. Стандардната загуба е околу 70% вели инжинерот Бошберг.

Според Меѓународната агенција за енергетика, енергетската ефикасност е еден од најевтините начини за намалување на емисијата на јаглерод од целиот свет.

„Со овие технологии, можеме да се справиме со голем дел од предизвиците со кои се соочуваме денес во поглед на енергијата, животната средина, загадувањето, природните ресурси и слично“ – вели Бошберг.