Авиокомпаниите во Канада дозволија превоз за миленичињата да се спасат од пожарите

Повеќе од 80000 жители на Форт Мареј во Канада беа принудени да ги напуштат своите домови проади огромните пожари кои ја зафатија областа во изминативе денови.

Поради тоа, авиокомпаниите West Jet и Canadian North ги промениле правилата кои забрануваат превоз на животни, за да го олеснат процесот на евакуација за луѓето кои имаат миленичиња. Тие им дозволиле на сопствениците на милениче кои не сакаат да го остават на милост или немилост во Форт Мареј, да патуваат со своето животно во кабината.

„Дефинитивно е невообичаено да се носат миченичиња во кабината, но поради посебните околности успеавме да ги смениме правилата и да ги сместиме овие животни за време на кризата“, вели Кели Луис од Canadian North за Bored Panda.

Вообичаено, животните кои патуваат со авион треба да бидат сместени во одделот за багаж. Сепак, со оглед на околностите, жителите на Форт Мареј не можеле да се вратат дома и да ги земат кафезите, па морало да се најде начин да ги земат своите миленичиња со себе.