Ав-референдум: Неколку илјади кучиња ќе лаат против брегзитот пред британскиот парламент

Во Лондон денес е најавен протест на кучиња на кој тие ќе „побараат“ Ав-референдум (Woofreferendum) за да се спречи брегзитот.

Протестот ќе биде пред парламентот, каде што илјадници кучиња ќе лаат во знак на протест поради повлекувањето на Велика Британија, во која живеат со своите сопственици, државјани на членките на Европската Унија.

„Сакаме да го одржиме најголемото лаење во светот“, изјави иницијаторот на собирот Даниел Елкан, кој смета на британскиот хумор за милениците да помогнат во блокирањето на брегзитот.

На собирот се очекуваат 4.000 до 5.000 кучиња, кои ќе прошетаат од центарот на Лондон до парламентот и седиштето на владата.

На социјалните мрежи се појавија снимки со различни кучиња што го „изнесуваат“ својот став за брегзитот, држејќи натписи за ова прашање.

Eден од организаторите Доминик Даер рече дека брегзитот ќе биде катастрофален за луѓето, па и за домашните миленици, поради недостигот од ветеринари, зголемената цена за нега на миленичињата и прекинот на издавање европски пасош за животни.