[Аудио] Underworld објави нов сингл по шест години

Минатата година, британскиот електронски бенд Underworld најави нов албум насловен „Barbara Barbara, we face a shining future“, откако во 2010 година го објавија Barking. Дуото вчера го сподели и синглот „I Exhale“, кој претставува насловна песна на албумот и прв сингл по шест години. Новиот албум се очекува да излезе на 18 март.