[Аудио] Слушнете ја „Куферот“ – новата песна на раперот Martix

Младиот рап изведувач Мартин Милев, познат како Martix ја објави песната „Куферот“ од претстојниот албум „neverAmor“, кој треба да излезе наредната година.

Во сабота, пак, Martix ќе гостува во Социјалниот центар „Дуња“ со почеток во 20 часот, каде ќе ги претстави и претходните свои дела.

Инаку, овој млад рапер, по потекло од Кочани, е активен на сцената веќе неколку години. Неколку пати учествувал и победил на натпревари за „freestyle battle”, а склучил и неколку соработки.