[Аудио] Слушнете го саундтракот на „Southpaw“, филмот што го продуцира Eminem

Саундтракот на филмот „Southpaw“ со Jake Gyllenhaal, на кој како извршен продуцент се јавува рап-ѕвездата Eminem, е достапен за преслушување за корисниците на Spotify. Самиот Eminem има две песни на овој албум од 14 песни, кој е претежно составен од рап нумери.

За љубителите на филмската музика, достапни се и композициите на покојниот филмски композитор James Horner, кои можат да се слушнат во филмот.

Филмот, режиран од Anthony Fuqua, по сценарио на Kurt Sutter, се прикажува во американските кина во моментов, а тој оригинално требаше да излезе во 2010 година, кога како главен актер беше планиран токму Eminem. Но, во меѓувреме продукцијата беше одложена, а за главната машка улога беше ангажиран Gyllenhaal, на кого партнерка му е Rachel McAdams.