[Аудио] Шеста епизода од „Мегафон“ посветена на говор на омраза и пропаганда

Слушнете го новото издание на радио-емисијата „Мегафон“, во чиј фокус се говорот на омраза и пропагандата. Преку наши теми и дискусија се осврнавме на нивната појава и последиците кои ги имаат врз општеството.

Преку прилози на новинарскиот тим отворивме прашања – што ја генерира омразата кон неистомислениците, дали постои дискриминација во образованието, како да се препознае лагата од вистината во медиумите, како функционира пропагандата, но и колку се дискриминирани ЛГБТ лицата на работното место.

Меѓу другите, во емисијата се вклучени мислења и ставови на Драгана Дрнаревска од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Ива Михајловска од Народен правобранител, потоа Божана Јелушиќ  професорка по медиумска писменост од Црна Гора, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, Филип Стојановски од „Метаморфозис“, истажувачкиот новинар Горан Лефков од „Скуп“…

За заокружување на емисијата, проследете ја и дебатата во студио со Александра Теменугова од Висока школа за новинарство и односи со јавност, Петрит Сарачини од ЦИВИЛ – Центар за слобода и Димитар Низамовски од Младински образовен форум.