[Аудио] Седма епизода од „Мегафон“: Човечкиот однос кон животните го отсликува општеството во кое живееме

Животните се во фокусот на седмото издание на радио-емисијата „Мегафон“. Преку прилозите се обидовме да пренесеме мислења и актуелни прашања за човечкиот однос кон животните, кој директно го отсликува општеството во кое живееме.

Темите на новинарскиот тим се поврзани за расфрланите отрови и усмртените животни, политиката на казнивост и механизмите за решавање на прекубројноста на бездомните животни. Исто така, за процесот за чипирањето на милениците, грижата кон загрозените животни, но и условите и потребата од Зоолошките градини.

Свои ставови и изјави даваат новинарката Мери Јордановска, активистот Столе Велковски од „Анима Мунди“, портпаролката на „Комунална хигиена“, Ана-Марија Бранѓолица, Диме Меловски и Ксенија Путалин од Македонско еколошко друштво, Венера Петковска од Асоцијација за права на животни, ветеринарот Дени Киков, директорите на Зоолошките градини на Скопје и Битола, Јорданчо Милошоски и Ѓоко Дамески.

За крај на емисијата спремивме интервју со активистката Драгана Велковска од „ЕДЕН“.
(*Снимено е пред случајот со убиеното куче во Дебар Маало).