[Аудио] Прво издание на емисијата „Јас сум Цако“

Од вчера на Радио МОФ започна новата емисија наречена „Jас сум Цако“, чиј автор и водител е Александар Матовски – Цако.

[Аудио] Прво издание на емисијата „Јас сум Цако“

Александар и е познат на македонската јавност откако стана прв студент со Даунов синдром во Македонија. Тој исто така издаде две книги со поезија и има кафеав појас во карате, со што овој  млад човек секојдневно ги соборува сите бариери и стереотипи кои се појавуваат пред него. Сега, за прв пат во Македонија, лице со Даунов синдром ќе има своја авторска радио емисија, каде ќе се разговара за сите проблеми, предизвици и дилеми на младите лица со попреченост во земјата.

Во продолжение слушнете го првото издание од емисијата на Цако која ќе се емитува секоја претпоследна среда во месецот.

Jas sum Cako E01 by Radio Mof on Mixcloud